Поранешниот француски репрезентативец, Самир Насри, во интервју за „L`equipe“, проговорил за кусото искуство со менaџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. Насри од Сити, сезонава како позајмен играч настапува во Севилја.


Пеп Гвардиола е еден од најценетите фудбалски тренери, во кариерата ги водел Барселона и Баерн Минхен, а од оваа сезона седи на клупата на Манчестер Сити.

Препознатлив е како тренер кој внимава буквално на сѐ кога се во прашање фудбалерите со кои работи: спортскиот живот, начинот на исхрана, па дури и сексуалниот живот.

Насри, во интервјуто, открива дека Гвардиола на фудбалерите им забранил да имаат секс после полноќ.

„Пеп смета дека спиењето е многу важно, дури и ако наредниот ден сте слободни. Инсистира играчите сексуални односи да имаат пред полноќ. Тој ни откри дена на таков начин секогаш го извлекувал најдоброто од Меси и Левандовски“, рекол Насри и додал – Со воведувањето на правилото, мускулите на Меси станале поотпорни на повреди, а самиот Меси физички посилен.

Насри открил дека Гвардиола не се согласувал со неговото заминување во Севилја, но и дека не можел да му гарантира место во првиот тим.

„Бев изненаден од многу работи. Веќе на првиот тренинг знаевме што треба да работиме и како да играме без топка. Наредниот ден добивме видео снимки од она што треба да го направиме“, завршил поранешниот играч на Марсеј и Арсенал.

OhridNews