Со бројни музички точки, настап на најмладите, танцови игри, во весела атмосфера и весело расположение помина предновогодишниот концерт во Центарот за култура „Григор Прличев“, насловен „Четири годишни времиња“.


Настапија членови од Балетското студио „Визави“, најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, „Распеано рибарче“, танцовиот клуб при Центарот за култура и КУД „Отекс“.


Големо воодушевување кај најмладите предизвика и специјалниот гостин на концертот- Дедо Мраз кој ги поздрави присутните и во идната година им посака многу здравје и среќа.

OhridNews