Членовите на МКУД “Јане Сандански” под водство на познатиот македонски иселеник , историчар и културен дееец , м-р Ицо Најдовски – Перин, беа пречекани од Македонци од тој дел, како и од претставниците на ОМО Илинден – Пирин, при што заеднички со раководните луѓе на единствената македонска политичка партија во Бугарија, се поклонија пред паметникот на Царот Пирински, положија свежо цвеќе и му оддадоа достојна почит.
На двонеделната агенда на МКУД “Јане Сандански” беа и гостувањата и настапи во Вевчани, Демир Хисар, Скопско лето, Берово, Ресен, Битола.
Вечерва, играорците ќе настапат на платото пред центарот за култура’”Григор Прличев” – во Охрид, а во рамките на фестивалот “ Охридско лето “.