Најавите од фестивалот “Охридско лето” дека настапот на осумте тенори ќе биде уште еден спектакл кој публиката ќе може да го проследи на просторот на Античкиот театар, се остварија во целост.


Публиката два часа имаше можност да ужива во несекојдневно шоу на осумте тенори. Изведбата на познатите оперски арии, како и евергрините   “Воларе“, „Нон ти скордар ди ме“, „Ариведерчи Рома“, „Ла дона е мобиле“, „Мама“, „Би мај лав”, буквално ја кренаа неколкуилјадната публика на нозе, која со бурни аплаузи и овации ги наградуваше тенорите за секоја од изведбите. 


Александар Захаров, Максим Пастер, Сергеј Писарев, Александер Скварко, Александер Богданов, Михаил Урусов, Ѓеорги Фараџев и Димитриј Сибирцев, својот двочасовен концерт го нарекоја еден од најубавите што го одржале и  посебна благодарност упатија до музичкиот селектор на фестивалот Гордана Јосифова- Неделковска за поканата да бидат дел од овогодинешното издание на фестивалот “Охридско лето”.


Својот двочасовен настап го завршија со сплет од нумери, кој го започнаа со најпознатата руска песна “Какалин”, за меѓу нив да се најдат и познати рефрени од 80- те и 90- те години. 

OhridNews
Фото:Емилио