Успешна била 2010 година за охридските водени спортови смета Радован Попоски од Кајак- кану клубот “Стрмец“. Како најпозитивна работа го потенцираат настапот на 18 меѓународна регата Островска нова вес-Република Чешка.

На регатата учествуваа 27 екипи со преку 300 натпреварувачи и се одржаа 84 трки. Натпреварувачите од ККК„Стрмец“ освоија 7 медали од кој еден златен, три сребрени и три бронзени медали. Исто така задоволни  сме од нашиот настап на регатата во Охрид -вели Радован Попоски .


Тешко е да се повлече паралела на состојбите во спортот кај нас, Охрид, Македонија со оние во светски рамки. – Без пари нема спорт, спортот кај нас е на ниски гранки, додека пак во светот се вложуваат големи средства по што неизбежни се резултатите.



Кајакарите според Попоски оставиле белег на оваа 201о година, а во наредната очекува резултатите на охридските спортисти да бележат подобри резултати.


М.П.