Повеќе од 100 наставници од 12 европски земји се дел од Првата европска работилница за професионален развој на наставниците, која започна денеска во Охрид.
Оваа тридневна работилница е организирана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Министерството за образование на Турција.
-Се работи за исклучително важна можност за наставниците од цела Европа вклучувајќи ги и наставниците од Република Македонија, за размена на добри искуства и практики во областа на користење на ИКТ-технологиите во наставните програми и нивната примена во образованието, особено во основното образование како и во средното образование, информираат организаторите.
Според нив, сите заклучоци и сите споделени искуства од рабтилницата ќе можат да се применат и во пракса, осносно во наставата кај било кој професор, особено кај професорите по информатика.
OhridNews