Од извршената интегрална евалуација врз 48 основни и средни училишта од земјава, наставниците добиле оценка три, односно покажале среден успех, соопштуваат просветните инспекторати.

26 од училиштата се оценети со двојка, 21-но со среден успех, додека само кај едно основно е констатирано дека просветните работници не ги користеле компјутери во наставата, односно предавале на традиционален начин.

Како што соопштуваат од Министерството за образование, училиштето во рок од шест месеци, ќе има можност да се подобри како би се избегнале високите казни што следат од инспекторатот.

Инаку, интергралната евалуација низ македонските училишта се спроведува по трет пат, а оваа година просечната оценка изнесува 2,70 што претставува благо зголемување.

OhridNews