Во основното училиште „ Григор Прличев“ се одржа семинар на тема „Откривање и работа со талентирани и надарени ученици“.

Преку предавањата на Проф. Д-р Љупчо Кеверески, Проф. Д-р Методија Стојаноски  и М-р Весна Стијаноска, наставниците се запознаа со новите начини за откривање  и работа со талентирани и надарени ученици. Стекнатите знаења ќе бидат интегрирани во секојдневното работење со  учениците во училиштето.

Семинарот беше во организација на училиштето и Проф. Д-р Љупчо Кеверески.

OhridNews