Најновото засилување на Арсенал, Пјер Америк Обамејанг најверојатно нема да дебитира за „топчиите“ на мечот со Евертон кој се игра во сабота на Емирати стадионот (18:30ч).

Причината за одложување на дебито на Габонецот е настинка. Сигурно дали ќе биде во комбинација Обамејанг за дуелот со „карамелите“ ќе се знае после лекарскиот преглед.

– Имаше температура и не тренираше многу со нас. Почна вчера, но се уште не е подготвен за настап. Но, ќе мораме да ги сочекаме лекарските прегледи кои ќе одлучат околу неговото деби. – изјави Венгер.

Обамејанг во последниот ден од зимскиот преоден рок го комплетираше трансферот од Борусија Дортмунд во Арсенал. „Милионерите“ за услугите за офанзивниот фудбалер инкасираа 56 милиони фунти.

OhridNews