Новото засилување охриѓанецот Климент Настоски асиситраше во победата на Металург на пријателската средба со куп освојувачот Тетекс со 2-1.


Металург на стартот на првиот дел поведе преку Илијоски, додека сините по еден час игра гo изедначија резултатот на 1-1, со дебитантскиот погодок на новајлијата Наумовски.


“Зелените“ до вториот триумф во Охрид стигнаа во судиското надполнување кога по уфрлувањето на Настоски, Кралевски “од втора“ го совлада гостинскиот голман.

М.П.