Охриѓанецот Климент Настоски е пред потпис со српскиот лигаш Војводина. Настоски кој во есенскиот дел од сезоната го носеше дресот на Поградец од Албанија, се одлучи да го раскине договорот и како слободен фудбалер бара нова средина.


Популарниот “Чико“ во младите категории ги бранеше боите на Партизан и втората екипа на “гробарите“ Телеоптик, тоа би значело дека Настоски ќе нема проблем да се аклиматизира на условите во северниот сосед.


Во српскиот прволигаш Војводина настапува и македонскиот репрезентативец Даниел Мојсов.
 

Мх.П.