По неуспешниот излет во Сирија, охриѓанецот Климе Настоски се врати во тимот на Металург каде ќе остане до крајот не сезоната.


– Климе Настоски беше тука ние ги снимивме неговите квалитети, тој е добар играч и сигурно ќе биде засилување за нашиот тим и очекувам во првенството да му помогне на тимот- рече  стратегот на Металург, Жикица Тасески.

Настоски кој жали за неостварениот трансфер вели дека во иднина ќе се концентрира на настапите во зелениот дрес.


– Не се комплетираше документацијата, не ми пристигна сертификатот и не можев да го остварам трансферот во Сирија со што заврши преодниот рок таму.  Металург  пред себе постави високи цели, наша цел ќе биде да го нападнеме првото место во лигата и нормално да се обидеме да стигнеме до трофејот во националниот куп- вели Настоски.

Мх.П.