Бремената Натали Портман одлучила да го напушти вегетаријанскиот начин на прехрана за доброто на своето дете. Признала дека почувствувала потреба за јајца и млечни производи кога останала бремена. Актерката мисли дека жените кои во бременоста ќе останат на вегетаријанска храна мораат да внимаваат на нивото на железо и витамини во крвта.
Оскаровката во 2009 година станала вегетаријанка откако ја прочитала книгата на Џонатан Сафран Форс „Јадејќи животни“. Открила дека сеуште не го знае полот на детето и дека не планира наскоро да го дознае бидејќи како Еврејка е многу празноверна.