Охрид ќе биде домаќин на НАТО-напредната школа за „Справување со заканата од тероризмот во Југоисточна Европа“, која ќе биде отворена утре во х. „Белведере“ од страна на министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски.
На школата која е заеднички проект со Универзитетот „Норвич“ во САД, учество ќе земат 40 претставници на безбедносните служби, кризниот менаџмент, академската заедница и невладиниот сектор од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора, како и над 17 експерти од областа од НАТО, ЕУ, Канада, Велика Британија, САД, Белгија и регионот.
Во периодот од 14-19 февруари на школата, меѓу другото, ќе се разговара и за тоа колку е сериозна заканата од совремниот тероризам, причините, методите и процесот на радикализација, тактиките на дејствување, влијанието на бегалската криза врз безбедноста во контекст на заканите од тероризам.
OhridNews