Од петок 29-ти јануари до недела 31-ви јануари 2016 година на Универзитетот „Свети Апостол Павле“ ќе се одржи натпревар во креирање на дигитални видео игри.

Натпреварот претставува составен дел од глобалниот годишен натпревар на креатори на дигитални видео игри кој оваа година симултано ќе се одржи на 518 локации во 78 земји под името „Global Game Jam“. Покрај Охрид, во рамките на нашата држава, натпреварот ќе се одвива на уште две локации во Битола и Скопје.

Настанот во Охрид е организиран како волонтерски потфат од страна на студентите на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, а на истиот ќе се натпреваруваат 40-тина учесници. Најдобрите тројца натпреварувачи ќе бидат поканети да учествуваат во следната натпреварувачка фаза, каде што ќе се натпреваруваат победниците на националните натпревари од европските држави.

Почетокот на натпреварот е закажан за во 17 часот во амфитеатарот на Универзитетот „Св. Апостол Павле“.

OhridNews

X

Global Game Jam