Натпреварите во Лигата на Шампиони и Лигата на Европа кои ќе се одиграат оваа недела ќе бидат во знакот на Емилијано Сала кој трагично го загуби животот во авионска несреќа.

Аргентинскиот фудбалер и пилотот чие тело се уште не е пронајдено заедно со авионот „Пајпер Малибу3“ исчезнаа од радарската служба на 21 јануари.  Првата потрага не даде никакви резултати, а приватната која беше иницирана од фудбалерите вроди со плод. Авионот беше лоциран, а во него беше телото на Сала. Според, обдукцијата Сала починал на лице место веднаш после паѓањето на авионот во вода од тешките повреди на главата и градите.

Сала со авионот се враќаше од Нант кон Кардиф каде требаше да ја продолжи фудбалската кариера. Аргентинецот е најскапа аквизиција на Кардиф во историјата на клубот но и најнесреќна, бидејќи не успеа да истрча на теренот.

Денешните мечеви помеѓу Манчестер Јунајтед – ПСЖ на Олд Трафорд и Рома – Порто на Олимпико во Рим ќе започнат со минута молк. Истото ќе се повтори на дуелите в среда и во четврток во средбите од Лигата на Европа.

OhridNews