На основачкото собрание на Националниот младински совет кое од 28-ми до 30-ти јуни ќе се оддржи во Охрид, ќе можат да учестуваат делегати на сите младински организации кои ги исполнуваат критериумите за членство одредени според предлог статутот поднесен од страна на Иницијатвниот одор за основање на НМС.

Како што информираат од Иницијативниот одбор за основање на НМС, апликациите ќе бидат разгледувани од Комисија за верификација на членство составена од 3 претставници од Иницијативниот одбор и 2 претставници од организации кои не се дел одборот.
OhridNews












