По повод 1. 100 годишнината од смртта на свети Наум Охридски, од денес до седми ноември, Охрид ќе биде домаќин на Меѓународниот научен собир Свети Наум Охридски и словенската духовна, културна и писмена традиција.

Собирот е во организација на универзитетот Св. Кирил и Методиј, а ќе учествуваат голем број академски и научни работници и претставници од верските институции од земјава и странство кои ќе зборуваат за делото и животот на Свети Наум Охридски.

Покровител на научниот собир е Претседателот Ѓорѓе Иванов, а ќе го отвори ректорот на универзитетот св. Кирил и Методиј, д- р Велимир Стојковски.

Предвидено е по завршување на научниот собир да биде печатен и зборник. 

OhridNews