По повод 100 години од Охридско – дебарското востание, во петок и сабота ( 4 и 5 октомври) во Охрид и Дебар ќе се одржи научен собир за овој историски настан.

Собирот е во организација на Институтот за национална историја (ИНИ), Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје (ИДКНА) и Државниот архив на Република Македонија (ДАРМ).

На собирот ќе учествуваат научни работници од трите институции, кои пред јавноста ќе изнесат историски факти за Охридско-дебарското востание од 1913 година.

Научниот собир, кој е отворен за јавноста, во Охрид ќе се одржи утре (петок) во големата сала на Општина Охрид со почеток во 12 часот.

OhridNews