Доколку сакате да уживате во подводните убавини на Охридското Езеро, сега тоа можете да го направите на едноставен и забавен начин. Нуркачкиот центар АМФОРА од Охрид, инаку единствен лиценциран центар за обука на нуркачи и нуркачки инструктори во Р.Македонија, започна со курсеви за нуркање. Обуката се изведува по стандарди на една од најквалитетните меѓународни нуркачки асоцијации Scuba Schools international – SSI .


Нуркањето се учи со софистицирана нуркачка опрема, а курсевите ги одржува професионална екипа интернационални инструктори според современа научна литература, а посетителите на курсот покрај со знаење, ќе се стекнат и со  меѓународен сертификат кој ќе им овозможи да нуркаат низ целиот свет. 
 

 

Минимална старосна граница за посета на курсевите е 12 години.


Нуркачките курсеви почнуваат на 17.06.2012 (недела) во 11:00 часот во Нуркачкиот центар кај Музејот на вода во Градиште
 

Ве чекаме во музејот на вода Градиште.

OhridNews