Со бројни содржини ќе се одржи годинешната „Научна и уметничка визита 2023“, во организација на Македонската академија на науките и уметностите во просториите на Куќата на Уранија-МАНУ.

Програмата започнува на 28 јули во 20 часот кога ќе биде отворена изложба на дела од колекцијата на Славко Упевче инпирирани од Св. Наум.

10, 11 и 12 август се резервирани за лингвистичка работилница насловена „Дијалектна обработка на македонскиот јазик“ во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ.

Одделението за лингвистика и литературна наука при МАНУ организира Конференција за кинескиот јазик, литература и култура на 25 и 26 август.

Поетска средба насловена „Разговор со акад. Павле Горановиќ“ предвидена е за 27 август во 12 часот.

Во рамки на програмата е и промоција на Издание посветено на научноистражувачката работа на акад. Алајдин Абази по повод 80 години од неговото раѓање.

Научната и уметничка визита завршува со Охридската школа на природно право која ќе се одржи од 29 август до 2 септември.

OhridNews