Обилните врнежи од дожд кои го зголемија нивото на Охридското Езеро за седум сантиметри, го вклучи алармот и кај охридската научна јавност. Иако од ЕЛЕМ во изминтатите денови уверуваат дека ситуацијата е под контрола, научната фела со став дека ни се повторуваат приликите со поплавите од 2010-та година, но во поблага форма.

Според професор д-р Здравко Крстаноски, долгогодишен научник во Хидробиолошкиот завод, проблемот кој години наназад се повторува е предизвикан од човекот.

Она што го кажуваат од ЕЛЕМ нема да го коментирам. Меѓутоа навистина ни се повторува овој проблем , кој за жал е предизвикан со изградбата на црнодримските хидроелектрани, со цел земјава да има електрична енергија. Факт е дека треба да има електрична енергија, но станува збор  за акватичен еко систем од кој се зема вода за таа енергија. Проблемот настанува и лежи во нерегулираниот истек на водата од Охридското Езеро преку реката Црн Дрим.“ – вели Крстаноски.

Тој истакнува дека треба да се направи софистициран регулаторен систем, односно да се ажурира управувањето со истекот на водата од езерото за потребите на хидроцентралните „Глобочица“ и „Шпилје“, како овој проблем долгорочно би се решил.

Во вакви временски неприлики каде имаме доста дождливи денови, каде  нивото на Охридското Езеро се зголемува, а од друга страна се зголемува и водниот биланс на Црн Дрим, нормално да се појават вакви неприлики. Во тој случај потребен е некој диспечерски систем и графикон,  каде што точно преку целата година ќе се знае колкави количини треба да се испуштаат од езерото, пратејќи ги хридорметролошките услови. На тој начин Охридското Езеро би се одржувало меѓу максималната 693,75 и минималната 693,10 метри надморска височина, согласно студијата од 1978 година.“ – истакнува д-р Крстаноски.

Според него, доколку истекот на реката Црн Дрим не се регулира, можно е да се јават последиците од изминатите години.

Доколку не се регулира истекот, сигурно дека езерото ќе се полни, а можеби ќе се јават последиците како минатите години. Исто така имам сознанија дека вчера или заврчера биле отворени талпите за истекот на Охридското Езеро, а пред тоа биле затворени. Колку е тоа точно, јас на лице место не сум видел.“ – додава Крстаноски.

Инаку, според најавите од средината на идната недела, се очекуваат нови врнежи од дожд, кои се очекува да го зголемат нивото на водотеците во сливот на Охридското Езеро.

О.Т.