Зајакнување на образовниот капацитет за управување со ризиците од ненативните и инвазивни видови во регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора), по пат на промовирањеедукативни активности за студентите од високото образование и засегнатите страни од целните земји, е целта на преоктот што во рамки на програмата „Erazmus+ градење на капацитети во високото образование за 2020 година“ го имплементираат Хидробиолошкиот институт од Охрид и охридското Здружение за екологија „Екоменолог“.
Покрај курсевите што ќе бидат развиени специјално во функција на магистерските програми, како и програмите за другите засегнати страни со проектот, ќе се развие и модел за управување со ризиците од ненативните и инвазивни видови.

Координатор на проектот е Универзитетот „Мугла“ од Турција, а покрај Хидробиолошки институт Охрид и „Екоменлог“ Охрид, во проектот се вклучени и универзитети од Палермо, Загреб, Сараево, Тирана, Бихаќ, Подгорица, како и институти и невладини организации од Албанија, Грција и два поврзани партнери од Турција.
Првпат проектот вклучува соработка помеѓу невладините организации, јавноста и приватни институции на национално и регионално ниво.
За повеќе информации во врска со проектните активности, можноста за вклучување во имплементацијата и следење на неговата реализација, заинтересираните можат да се информираат преку официјалниот фејсбук-профил на проектот Erasmus+ CBHE project RiskMan | Facebook, но и преку официјалната веб страна на Европската комисија: Erasmus+ project card | Erasmus+ (europa.eu).
OhridNews












