Тим научници во Канада успешно го изолирале агенсот на тешкиот респираторен синдром корона-вирус 2 (SARS-COV-2), познат како вирус COVID 19, кој предизвика светска пандемија, пренесуваат светските агенции.

Успехот бил постигнат со заедничка работа на научници од институтот „Сонибрук“ и „Мекмастер“ и универзитетот од Торонто.

Истражувачите од овие институти од светска класа се собраа и заедно за само неколку недели успеаја да го изолираат вирусот. – рече Роб Козак, микробиолог од Истражувачкиот центар „Сонибрук“. Демонстриравме дека неверојатни работи можат да се случат кога соработуваме, додаде тој.

Изолирањето на вирусот треба да им помогне на научниците во напорите да се воспостави успешна дијагностика, лекување и вакцина за корона вирусот.

Сега, кога го изолиравме вирусот (SARS-COV-2), можеме да го споделиме тоа со други истражувачи и да ја продолжиме оваа тимска работа. – истакна д-р Аринџеј Банерџи од Универзитетот „Мекмастер“ во Торонто.

Научниците сметаат дека вирусот COVID 19 на луѓето се пренел од лилјаци.

Г.М.