
Мекфирсон слично предупредување имаше и во 2016, кога предвиде дека на човештвото му остануваат само уште 10 години до уништување. Својата теза тој ја темели на исчезнувањето на растителнiот свет, без коj човештвото не може да преживее.
-Но главна причина ќе биде гладта. Додека цивилизацијата пропаѓа не ќе биде во можност да произведува храна во доволни количини. – вели Мекфирсон.
Во таков случај, професорот предвидува катастрофален распад на околу 400 нуклеарни централи ширум светот.
-Луѓето нема да ги одржуваат нуклеарните централи затоа што нема да бидат платени за тоа, бидејќи цивилизацијата пропаѓа. Тоа може да предизвика радијација која ќе ја уништи земјината атмосфера и нашата планета во блиска иднина може да изгледа како Марс. – додава Мекфирсон.
OhridNews











