Пензионираниот професор по биологија и екологија од Универзитетот Аризона, САД, Гај Мекфирсон, смета дека актуелните климатски промени ќе не убијат до 2026 година. Според неговото мислење единствено човештвото може да се спаси доколку успее да побегне на друга планета.

Мекфирсон слично предупредување имаше и во 2016, кога предвиде дека на човештвото му остануваат само уште 10 години до уништување. Својата теза тој ја темели на исчезнувањето на растителнiот свет, без коj човештвото не може да преживее.

-Но главна причина ќе биде гладта. Додека цивилизацијата пропаѓа не ќе биде во можност да произведува храна во доволни количини. – вели Мекфирсон.

Во таков случај, професорот предвидува катастрофален распад на околу 400 нуклеарни централи ширум светот.

-Луѓето нема да ги одржуваат нуклеарните централи затоа што нема да бидат платени за тоа, бидејќи цивилизацијата пропаѓа. Тоа може да предизвика радијација која ќе ја уништи земјината атмосфера и нашата планета во блиска иднина може да изгледа како Марс. – додава Мекфирсон.

OhridNews