Научниците во Индонезија открија жаба без плуќа која дише преку кожата. Ова откритие може да даде нов поттик на истражување на еволуцијата кај одредени видови.

Биологот од државниот универзитет во Сингапур, Давид Бикфорд изјави дека водната жаба која му припаѓа на видот „Barbourula kalimantanensis“ е пронајдена во две реки во индонезиската покраина Калиманта во тек на научната експедиција во 2007 година.


Бикфорд изјавил дека е многу веројатно дека жабите развиле невообичаен начин на дишење како би се прилагодиле на, за нив непријателското окружување, кое воглавно го чинат реките брзаци, многу богати со кислород. Новооткриената жабја врста научниците ја нарекле „Барби“.

Барби е четврта фамилија од рбетниците која дише без плуќа. Останатите водоземци се две групи дождовњаци и една врста на црволик водоземец – caecilian.

„Откритието за нас научниците не е толку изненадувачко, колку што е изненадувачко  времето потребно да се дојде до него“, им рече на новинарите Бикфорд.