Охрид утре ќе биде домаќин на научно-стручен симпозиум на тема: „Тимски пристап во развојни нарушувања и вродени аномалии“. Симпозиумот има за цел да отвори простор за стручен дијалог и размена на знаења и искуства меѓу медицинските професионалци кои се вклучени во грижата за деца со комплексни развојни состојби.
Преку предавања и презентации, експерти од различни медицински дисциплини ќе ги осветлат значењето на раната дијагностика, координацијата меѓу професионалци и интегрираниот пристап во третманот. Посебен акцент ќе биде ставен на важноста на интердисциплинарната соработка и нејзиното влијание врз квалитетот на поддршката што им се обезбедува на децата и нивните семејства, велат организаторите.
Настанот, посочуваат, е наменет исклучиво за доктори и стручни лица од областа, со цел продлабочување на професионалната соработка и унапредување на стандардите во грижата за децата со развојни нарушувања и вродени аномалии.
OhridNews