Поранешниот ракометар и долгогодишен тренер во младинските категории во Ракометниот клуб Охрид, Наум Бабачев-Бабак е приклучен во стручниот штаб на сениорскиот состав предводен од Раде Стојановиќ.

Бабачев улогата на асистент ќе ја извршува заедно со Филип Јовановски. Стручниот штаб на Стојановиќ го комплетира Зоран Георгиески кој е тренер на голманите.

Подготовките на „гладијаторите“ се одвиваат со максимално темпо и во најдобар ред. Охриѓани се подготвуваат за турнирот во Струга каде ќе ги одмерат силите со Вардар, Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2 во групната фаза. Турнирот во Струга ќе се одржи од 12 до 16 август.

OhridNews