Составот на Охрид во младинска конкуренција го задржа победничкиот ефект во Младинската лига совладувајќи го Вардар Јуниор со 35-30 (17-10) во дербито од 4-та рунда во шампионатот.

Охридските ракометари одиграа маестрален натпревар и на домашниот тим му дозволија водство само на почетокот од средбата. Другиот дел им припадна на охриѓани кои на дело го покажаа квалитетот. Првото полувреме заврши во корист на Охрид 17-10 а конечниот резултат гласеше 35-30.

„Црвено црните“ немаа одговор за Наум Костов кој одигра фантастичен и перфектен натпревар. Десното крило броеше до 14 погодоци а противничките голмани не успеаја ниту еден обид да му одбранат. После него следуваше Мартин Ивановски со седум голови а Николче Ристески и Кристијан Димитриески застанаа на пет погодоци. Еднаш мрежата ја погодиц Никола Нацев.

Триумфот на младинците во Скопје е добар вовед за сениорскиот состав кој утре на гостински терен против Работнички го игра мечот од Супер лигата.

OhridNews