Ракометната легенда на Македонија, Наумче Мојсоски е нов претседател на Ракометниот клуб Струга. Мојсоски на изборното собрание со акламација беше избран за нов предводник на струшкиот клуб.

– Враќањето во Струга како прв човек на клубот кој ми пружи се што требаше на кариерата ми дава голема одговорност. Наша заедничка цел е враќање во Струга во Супер лигата, а се надевам на помош од Струга и целата земја. – изјави Мојсоски.

Сега веќе поранешниот претседател на РК Струга, Сашо Србиноски му го честиташе изборот на Мојсоски и рече дека го направил најдобриот потег убедувајќи го да се врати во клубот.

– За крај на мојот мандат во Струга сите (ќе) можиме да се пофалиме со враќањето на Наумче Мојсоски во клубот. Многу ми е драго што никогаш не заборави каде започна и се врати помеѓу сите нас, бидејќи ваков човек ни беше повеќе од потребен. – рече Србиноски.

Со доаѓањето на Мојсоски ќе треба да се врати екипата во Супер лигата, но и сјајот на Меѓународниот ракометен турнир кој повеќе од четити децении се одржува во август месец на теренот на „Женска плажа“.

OhridNews