Ракометарот на Металург, Наумче Мојсоски е избран за најдобар спортист во Македонија за 2012 година според Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортските федерации. Параолимпијката Оливера Накова-Биковска победи во изборот за најдобра спортиска.


– Спортската 2012 година за мене беше полна со успеси. Но тоа не значи дека ќе се задоволам со наградата, напротив ќе продолжам макотрпно да работам за да ги повторам успесите од минатата година – рече Мојсовски.

Стружанецот Мојсоски беше најзаслужен за одличната претстава на Металург во ракометната Лига на Шампиони. Мојсоски одигра клучна улога во освојувањето на историското петто место на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во Србија.


За најдобар спортист во странство наградата замина во рацете на ракометарот, Кирил Лазаров додека за спортски промотори нагредени беа фудбалерот Агим Ибраими, Ракометниот клуб Металург и фудбалскиот судија Александар Ставрев. Постхумно награди им беа доделени на Славе Атанасов и Александар Атанасовски – Мац

Спортисти и тренери кои беа нагредени на цероминијата :

Спортист на годината : Наумче Мојсоски

Спортистка на годината : Оливера Накова – Биковска

Најдобар спортист во странство : Кирил Лазаров

Најуспешна машка репрезентација : Ракометната селекција на Македонија

Најуспешна женска репрезентација : Ракометната селекција на Македонија

Најуспешен тренер : Бранимир Јованоски – стрелаштво

Најдобар млад спортист: Димитар Ѓоргиев

Најдобра млада спортистка: Симона Заборска

Награди за спортски промотори на Република Македонија: РК Металург; фудбалерот на Марибор и македонски репрезентативец Агим Ибраими и најдобриот македонски фудбалски судија Алесандар Ставрев.

Мх.П.