Четврта година по ред е победник јуниорската категорија до 21 година, а според гласањето на членовите на ББФФМ и фановите на Херкулес е прогласен за  најпопуларен билдер за 2010 година.  Охриѓанецот Бобан Наумовски истакнува дека ваквиот избор значи уште поголем поттик за продолжување на макотрпната работа за постигнување на големи резултати.


 – Изборот за најпопуларен билдер за 2010 година за мене значи потврда дека добро сум ја сработил мојата работа.  Во минатите четири години победувам во серија со што се здобив со голем број фанови, повеќето од помладите генерации. Ова признание ми влева уште повеќе воља и мотив за дополнителна работа и освојување на нови трофеи како во нашата држава така и надвор од неа. Посебно ми е драга оваа година бидејки освен што бев прв поставив и рекорд на број на победи во таа категорија- вели Наумоски.

По што најмногу ќе ја паметите, која според вас  беше најпозитивната и најнегатвината работа ? – Најпозитивна работа е постигнувањето на мојот рекорд и одличната форма во која се наоѓам, најнегативна е местенката во апсолутна каде што покрај сите билдерски критериуми требаше да сум прв, а пред мене победија други. За нивната  победа  покрај мене не се сложи и 80% од публиката која се разбира во овај спрот , јас тврдам дека бев оштетен на ова државно првенство,а тоа може да го видат и сите кога ќе ги погледнат сликите и видеото од споредбите – истакна Наумоски.


Наумовски смета дека малите спортови се оставени на маргините на општеството и дека немањето на доволно средства и тоа како ги поткаструва приликите за настап на меѓународните собири. – Изостанува подршката од институциите кои стојат зад спортот и треба да го финасираат. Ние не бараме плати или парични добивки туку бараме да ни бидат покриени основните трошоци за да може непречено да функционираме. Финасиите го кројат нашиот буџет, па така поради немањето на средства не настапив на Светското првенство кое се одржа во Турција во декември.

Дали мисилите дека го следиме чекорот со светски те збиднувања?  Кој спортист според вас јас одбележа оваа година во Охрид , Македонија?  – До го следиме,но само преку телевизија.  Во Охрид мислам дека  годината ја одбележивме јас и едриличарката Александра Заричин која ја избраа за најдобар универзитетски спортист во Италија.


Што очекувате од наредната 2011 година? – Инвестиции со кои ке се стимулираат сите талентирани личности, кои ги имаме многу и во различни спортови, со тоа ќе се постигнат многу подобри резултати, ќе одиме понатаму во спортот а со тоа ќе започнат да се одржуваат и многу поголеми спортски настани од општински натпревари во насиот град. Очекувам нашиот спортски глас да стигне до водечките луѓе во Македонија за да ни овозможи нас спортистите нормални услови за работа, а јас сум уверен кога би имале такви услови би им парирале на врвните спортисти од целиот свет.

Пред Наумовски годинава се исправени серија предизвици, кои започнуваат со македонскиот куп, во април, додека во мај се одржуваат балканскиот и европскиот шампионат во Мај, а на кој од нив ќе учествува ќе зависи исклучиво од финасиите.

М.П.