Наумоски: Пожарите во Русија ќе ги забрзат климатските промени во светот
20.08.10 07:30
Пожарите што ја зафатија Русија ќе ги забрзаат климатските промени и ќе го забрзаат процесот на затоплување, што ќе предизвика катастрофални последици по животот на планетата Земја, смета независниот екологист, дипломираниот инженер-агроном Лазо Наумоски. Тој укажува дека како последица на големите пожари во Русија секојдневно од лицето на планетата исчезнуваат стотици илјади хектари шумски површини. Тоа според Наумоски ќе предизвика големи промени во екосистемите. Своите претпоставки тој ги темели на фактот што во последното столетие во атмосферата се исфрлени 360 милијарди тони СО2, како последица од загадувањето. Според Наумоски избувнувањето на пожарите во шумските региони предизвикува дополнително оптоварување на атмосферата со СО2, и забрзување на процесот на климатските промени со еколошки последици од поголеми размери:
-Озонската обвивка во атмосферата се намалува со забрзано темпо. -Ззголемувањето на температурите за неколку степени на Земјата ќе се случи за помалку од 100 години. -Ќе дојде до прегрупирање на флората и фауната на земјината површина. -Одредени делови од Земјината топка ќе бидат зафатени од екстремно сушни периоди и виски температури, а одредени делови со екстремно влажни периоди пропратени со поројни дождови и поплави. -Постои опасност да се загрози опстанокот на повеќето еко системи на планетата. -Многу земјоделски култури како последица од климатските промени ќе исчезнат -Одредени градски средини ќе бидат напуштени бидејќи луѓето ќе бидат приморани да го променат своето традиционално место на живеење како последица на климатските промени.
Наумоски укажува дека науката мора масовно да се мобилизира и да обезбеди алтернативни извори на храна и енергија кои му се неопходни на човекот за да ги преживее климатските промени.
Општина Охрид известува дека Јавниот повик за ангажирање на невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина се пролонгира до 23 јули Според повикот ...
Потпишани се договорите за реализација на инфраструктурни проекти со кои Општина Охрид аплицираше на вториот Јавен повик за финанасирање на инфраструктурни проекти, објавен од страна на Министерств...
Музејскиот археолошки материјал од локалитетот Расница, кај струшкото село Корошишта се заштитува и конзервира од тим на Археолошкиот музеј на Македонија Наодите од овој локалитет минатата година г...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.