– Средствата од Европските фондови за меѓугранична соработка помеѓу Р.М и Р.А кои останаа неискористени подолг временски период, за краток временски период се пренасочуваат во друг правец, односно за средување на граничните премини меѓу двете соседни држави Македонија и Албанија, вели Наумоски во дописот испратен до локалните власти и премиерот Никола Груески.
Наумоски во дописот се осврнува и на штетните последици од преголемото изловување на риба во периодот од 1985/86 година до 2004 година.
Тој потсетува дека на предлог на екологистите од Охрид и Струга и Движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ), се предложиле и прифатиле одредени правци по кои требало да се оди за време на мониторингот за стабилизирање и заштита на охридската пастрмка, а за сите овие иницијативи и мониторингот на риболовот на Охридското Езеро, биле информирани и Европската Унија и Европската банка за обнова и развој. За жал, пишува Наумоски, и покрај тоа предвреме Охридското Езеро повторно е дадено под концесија за легално изловување на охридската пастрмка.
– Јас како екологиста и иницијатор за мониторингот на риболовот, го изработив проектот за фотмирање на Билатерално претприојатие основано од Република Македонија и Република Албанија, за прекугранична соаботка и искористување на европските фондови во интерес на еколошката заштита на Охридското Езеро со неговата флора и фауна со вкупен годишен буџет за почеток од 3 660 000 евра.Овој проект ќе постоеше и практично ќе се применуваше меѓу двете соседни држави се до оној момент додека се стабилизираше рибниот фонд во водите на Охридското Езеро.Надлежните министерства за заштита и порибување на Охридското Езеро не покажаа заинтересираност за ваквиот проект, што е нормално како држава да добиеме еколошки шамар од Европската Унија, наведува Наумоски.