За успештно реализирање на луксузниот туристички комплекс кој во Љубаништа сака да го гради индиската компанија „Сахара Индија Паривар“, треба да се формира совет од угледни и стручни интелектуалци, независно од нивната возраст кои успешно ќе лобираат меѓу централната и локалната власт од сливното подрачје на Охридското Езеро за подобра негова заштита од повеќе аспекти, смета дипломираниот инженер агроном  и независен екологист, Лазо Наумоски.

–  Во интерес на брзиот туристички развој и огромна туристичка посетеност на целото сливно подрачје на Охридското Езеро, со пошироко наше заедничко залагање неминовно е средствата за развој на земјоделието од богатиот индиски бизнисмен заедно со проектот СУБРАТА РОЈ да се вложат во сливното подрачје за развој на езерскиот и алтернативниот туризам како и за развој на аграрот, наведува Наумоски.

Тој потенцира дека Охрид и Охридското Езеро од 1980 година се под заштита на УНЕСКО и затоа одговорноста е сериозна и огромна во заштитата и развојот на целото сливно подрачје на Охридското Езеро.

OhridNews