Потребен ќе биде подолг период за да се истражат долгорочните ефекти кај човекот од вакцината против Ковид 19, поради забрзаниот процес за нејзина употреба, но истата е безбедна посочува универзитетскиот професор и научник во областа на хемијата Панче Наумов во Охрид каде ја организираше Меѓународна конференција за хемија.

Во хемиската лабараторија со која раководи Наумов на универзитетот „Њујорк -САД“ во Абу Даби се вршеле истражувања за вакцини против коронавирусот уште на почетокот на пандемијата.

На почетокот од новиот бран на коронавирусот забележав дека постои разлика со претходните, бидејќи поголем дел од населението е вакцинирано и организмот им е спремен да се бори. Во Америка овој вирус веќе го третираме како настинка или грип. Ние сме веќе подготвени за да тоа дека не е смртоносно како болест, туку нешто што ќе помине со полесни или потешки симптоми во зависност на личноста и имунитетот, физички предизпозиции итн. Моментално е на ниво на потешка настинка која мора да помине, истакна Наумов.

Големите компании со кои соработуват, постојано вели работат на усовршување на вакцините, но воведувањето на нова вакцина не е лесна работа и според него, потребен е подолг временски период да се осигура безбедноста на една вакцина.

Воведување на нова вакцина не е лесна работа. Потребни се меѓу седум и десет години за вакцината да се осигура, да ги помине сите регулаторни бариери за да се осигураме дека таа ќе биде безбедна за голем спектар на луѓе. Затоа што различни луѓе со различни физички предиспозиции, старосна граница, историја на болест и така натаму, имаат различен начин на одговор на вакцините, рече Наумов.

Вели прерано е да предвиди какви последици и долгорочни ефекти ќе остават вакцините врз луѓето бидејќи пандемијата не дозволи доволно време тие да се тестираат во 3-4 фази пред нивната широка употреба.

Ефектите од тој забрзан процес ќе се почувствуваат малку покасно. Но морам да кажам, бидејќи толку многу луѓе работат во академски институции и компании можеме да очекуваме дека тоа што сме го постигнале до сега има ефект, короната веќе не е смртоносна болест како што беше на почетокот. Вирусот е таква материја која постојано се менува и ќе евулуира, рече Наумов.

Како научник, нагласи дека секогаш мора да има проверени информации, но прерано е да се предвидат последиците од примените вакцини, додавајќи дека тој е вакциниран со три дози. Такви испитувања, подвлече, може да се направат откако ќе помине доволно време за да се предвидат долгорочните ефекти.

Според она што е објавено во научната литература кога се гледа статистички, многу мал број на луѓе имаа реакции кои што беа сериозни. Значи такви случаи имаше меѓутоа кога тоа ќе се пресмета и спореди со други вакцини какви што се полио, маларија и т.н., вакцината против корона не беше ништо пострашна и ништо потешка врз основа на статистиките кои што ги добивавме, појасни Наумов.

Н.С.Ј.