Времето денеска наутро ќе биде многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималните температури ќе се движат во интервал од минус 12 до минус три, а максималните ќе достигнат од минус три до четири степени.

Во Охрид ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат до минус осум, а максималните ќе достигнат до нула степени.

Следува период на стабилно и студено време, особено наутро кога минималните температури на места ќе се спуштаат и под минус 10 степени. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

OhridNews