Ватерполо мечот помеѓу Војводина и Црвена Ѕвезда во 11-та рунда од Регионалната лига го одбележа несекојдневен потег на навивач кој го турна судијата во базенот.

Навивачот незадоволен од арбитражата на судијата на две секунди од крајот го турна во базенот судијата кој ја делеше правдата пред трибините. За среќа судијата помина без повреди и после излегувањето од базенот го прекина мечот.

Резултатот пред крајот беше изедначен 7-7, но дисциплинската комисија веројатно мечот ќе го регистрита со службена победа за Црвена Ѕвезда и ќе следи драстична казан за домаќинот.

OhridNews