Навивач на Лестер, веројатно, ја има направено грешката на животот кога одлучил да ја откажи уплатата на титулата на својот омилен клуб.


Пред почетокот на сезоната навивачот уплатил 50 пени, а после триумфот над Сандерленд во првата рунда се откажал и заработил само 95 пени.

На лидерот на табелата во англиската Премиер лига, Лестер му се потребни три бодови во последните три натпревари од првенството за да стигне до историската прва титула.

Навивачот со вложена пола фунта, имал шанса да заработи 2 500 фунти, а пред одлучувачките мечеви тој е топ тема во англиските медиуми.

Сепак, обложувалницата „Лед Броукс“ на (не)среќниот навивач ќе му обезбеди карта за мечот меѓу Лестер и Евертон кој е последен за „лисиците“ во оваа сезона и на кој може да ја прослават титулата.

OhridNews