Симпатизер на белградските црвено-бели го загуби животот откако беше избоден со нож во Турција на мечот од Евролигата меѓу Црвена Ѕвезда и Галатасарај.


На теренот се водеше жестока битка за победата која им припадна на домаќините по две продолженија, но што вреди сега кога светот загуби еден млад живот.


Хулиганите на големо земаат замав во спортот, а цената за нивното дивеење е загубен млад живот и уште неколку потешки повреди.

На улиците од Истанбул владееше до сега невиден хаос и на секој ќош имаше меѓусебни пресметки на навивачите од двата табора.

Ohridnews