Долгоочекуваното дерби во хрватското првенство меѓу Хајдук и Ријека заврши 1:1, но фудбалот беше во втор план. Мечот мина во навредите кон Србите, транспарентите на кирилица и обидот на еден навивач со палка да го претепа главниот судија.


Навивачите на Хајдук, познати под името „Торцида“, најпрвин традиционално започнаа со провокации кон сопрничката група со пораката дека се „пријатели на Србите“, а потоа истакнаа транспарент на кирилица „По морето плови еден мал брод“. Потоа на стадионот „Пољуд“ домашните навивачи скандираа „За дом спремни“ и „Убиј го Србинот“.

Врв на хаосот беа расистичките навреди упатени кон стрелецот на голот за Ријека Хамзи Бари и влегувањето на еден домашен навивач на теренот, кој со палка во рацете го бркаше главниот судија Марио Зебец.


Инцидент спречија домашните фудбалери кои го сопреа навивачот, а обезбедувањето реагираше дури откако публиката започна да ракоплеска.

„Макфакс“
OhridNews