Група навивачи на српскиот клуб Војводина го истепаа играчот Никола Трујиќ после поразот (2-0) од Ружомберок и елиминацијата во квалификациите за пласман во Лигата на Европа.

Причина за нападот на фудбалерот бил лошиот однос со навивачите по завршувањето на мечот во Словачка. – Седев во соблекувалната и наеднаш влегоа десеттина навивачи од Војводина. Еден од навивачите ме фати за врат и почна да ме турка и ме обвини дека сум се расправал со навивачите иако јас ниту еден збор не реков ниту на терен ниту пак во соблекувалните. Веднаш друг навивач ме удри со тупаница во главата, а добив уште неколку удари. Потоа ми се заканија дека допрва ќе следуваат мерки за мене, односно дека ќе добијам ќотек кога ќе се вратам во Нови Сад. – изјави за српските медиуми Струјиќ.

Очекувано, Струјиќ си ги спакува куферите и замина од клубот, а поднесе кривична пријава за навивачите кои го нападнаа, за клубот Војводина и за Ружомберок поради слаба организација.

OhridNews