Иконата на Рома, Франческо Тоти се најде во немилост на тренерот Лучијано Спалети и управата на клубот, но на мечот со Палермо доби неверојатна поддршка од навивачите на Олимпико.
Навивачите го скандираа неговото име, пеаја во еден глас и на крајот порачаа дека клубот има само еден капитен. На ваквите потези од навивачите никој не остана рамнодушен па ни Тоти кој се расплака на трибините.
Спалети по победата над Палермо (5-0) проба да ја смири тензијата, но навивачите не можат да се воздржат кога се работи за „принцот од Рим“.
OhridNews










