Навивачите со громогласни аплаузи и скандирањето на неговото име во четвртата минута од натпреварот каков што е бројот на неговиот дрес, а клубот Мајнц со огромни почеси го испратија Николче Новески во легендите од клубот.


Поранешниот македонски репрезентативец како голем професионалец им возврати со победа над Келн 2-0 во последниот натпревар за оваа сезона пред гледачите на Мајнц.


При излегувањето од игра емоциите го потиснаа Новески и со солзи во очите и со високо подигната глава ги поздрави своите навивачи.


Новески помина незаборавни 11 години во германскиот бундеслигаш и беше со клубот во добро и зло. Тој е рекодер по бројот на настапи во клубот со 345, а во нив има постигнато 13 погодоци.


Резултати : Аугзбург – Хановер 1-2, Леверкузен – Хофенхајм 2-0, Фрајбург – Баерн Минхен 2-1, Херта – Ајнтрахт Франкфурт 0-0, Мајнц – Келн 2-0, Шалке – Падербон 1-0, Штудгарт – Хамбургер 2-1, Волфзбург – Борусија Дортмунд 2-1, Вердер – Менхенгладбах 0-2.

Мх.П.