Резултатската криза во Европскиот и Светскиот првак, Реал Мадрид кулминираше по поразот од Атлетик Билбао и губењето на првата позиција на табелата.
Шпанските медиуми веднаш спроведија анкета меѓу навивачите на „кралевите“ кои бараат да се смени формацијата и да се „оладат“ првите ѕвезди во тимот Кристијано Роналдо и Герет Бејл.
Во новата 2015 година нема ниту трага и глас од Реал Мадрид, кој доминираше во 2014 година, а сето тоа се поклопи и со слабата форма на Роналдо.
Италијанскиот стратег Карло Анчелоти повика на смиреност, но навивачите на Реал веќе ја губат вербата во фудбалерите.
Ohrindews