Екипата на Реал Мадрид претрпе пораз 2-1 во градската пресметка од Атлетико и го доживеа вториот пораз сезонава.
Но, она што можеше да се забележи на „Сантијаго Бернабеу“ беше тоа што навивачите му свиреа на Икер Касилјас при секој допир од топката.
Во одбрана на својот голман застана тренерот на „кралевите“ Карло Анчелоти кој рече – Тој е последен во клубот на кој треба да му се забележи. Касилјас не беше крив ниту за еден погодок туку неговите соиграчи кои лошо реагираа при нивните напади.
Мх.П.