Навивачите на Депортиво со баклијада и знаме  од клубот го испратија својот пријател во вечноста, кој беше до смрт претепан во Мадрид од страна на симпатизерите на Атлетико Мадрид.


Иако семејството на 43 годишниот навивач побарало интимност, сепак навивачите не го испочитувале тоа и тие биле дел од погребот.

Навивачот на Депортиво ла Коруња животот го загуби во пресметката на двете навивачки групи, која се случи пред мечот меѓу Депортиво и Атлетико Мадрид.

Ohridnews