Неверојатниот пораз од 5:0 во Пескара кој го забележаа фудбалерите на Џенова во рамките на 25.коло, во Серија А, ги разгневи навивачите на овој клуб, кои предизвикаа инциденти и го нападнаа клупскиот автобус.


Пескара ја декласира Џенова со 5:0, го забележа вториот триумф сезонава во Серија А, а во исто време екипата за која настапува Горан Пандев нема победа на последните девет натпревари на кои има освоено само два бода.

Дебаклот од тимот кој со сигурност наредната сезона ќе се врати во Серија Б, предизвика околу 300 навивали да го гаѓаат со јајца клупскиот авотбус и вербално да ги вреѓаат фудбалерите и стручниот штаб.

Италијанските медиуми пишуваат дека тренерот Ивица Јуриќ ќе добие отказ, а како негови наследници се споменуваат Андреа Мандролини, Едуардо Реја, Андреа Стамачони и Луиџи де Канио.

„Макфакс“
OhridNews