Полуфиналниот натпревар во Африканскиот куп на Нации меѓу Гана и домаќинот Екваторијална Гвинеја не го дочека крајот откако беше прекинат во 82-та минута.
Навивачите на домашната селекција бесот поради негатива од три погодоци го истурија врз фановите на Гана кои спасуваа жива глава бегајќи на теренот.
Таму настана општ хаос по што мечот беше прекинат, a откако се испразнија трибините се доигра и заврши во корист на Гана.
Во финалето Гана ќе се сретне со Брегот на Слонова Коска.
Ohridnews